Office Chair Програма Archives - HealtyMe

Office Chair Програма

Lifetime access

11

Тренинзи од Елена Бубало

Ниско

ниво на интензитет

50

здрави рецепти

2,980+

заедница на discrod

Office Chair Програма

Посебно креирана и насочена програма за сите Вас со болки во грбот и вратот кои најчесто доаѓаат од прекумерно седење во текот на денот. Наменета за тие што воопшто не вежбале до сега како би ја зајакнале и активирале мускулатурата која е задолжена за правилно држење на телото. Безбедни вежби со кратко времетраење и слаб интензитет креирани за изведување во домашни услови. Овој систем на тренинг вежби може да се користи и од повозрасната популација преку кој ќе внесат физичка активност во текот на денот како би си го подобриле квалитетот на живот.

01

Активација на цело тело

Прв тренинг од овој систем наменет за сите оние кои воопшто не се активни или пак сметаат дека имаат слаб грб и сакаат да го зајакнат. Го активираме целото тело со акцент на јадро и нозе кои и всушност ни ја сочинуваат базата.

02

Стапче

Во овој тренинг ќе воведеме еден реквизит кој навидум e многу едноставен, а ни дава толку многу различни опции за да направиме една нова активација на телото и делови од истото кои ќе ни помогнат да го поправиме држењето и целокупното фукционирање. Независно дали тоа ќе е пластична цефка, дрвен стап или што и да ви се наоѓа при рака неговата моќ е достапна. Следете го тренерот и дајте и шанса на магијата да се случи.

03

Силно јадро

Јадрото на нашето тело не е составено единствено од мускулите на стомакот туку ни претставува еден комплексен систем од поврзани мускули кои креираат така наречен столб кој има за задача да ги поврзе и зацврсти горниот и долен дел од нашата мускулатура. Земајќи го тоа во предвид мора да сме сигурни дека тоа ќе биде доволно силно и под контрола како би ја вршело неговата основна функција. На почетокот може да изгледа тешко но верувајте тоа е единствниот начин. Дајте си доволно време да се адаптирате, придобивките ќе вредат.

04

Две шишиња

Оправданието дека немаме тегови по дома и нема да можеме да вежбаме веќе не поминува. Еве еден многу елегантен пример како може да се искористи нешто толку достапно како шишиња со вода и интелегентно да се конципира тренинг околу нив како би добиле малку надворешен стимул и супер ефект. Но немој само да потценувате, понекогаш наједноставните работи имаат огромен потенцијал.

05

Да покачиме темпо

Откако веќе првично се запознавме време е малку и да се покачи интензитетот но се разбира со нагласок дека секој еден од вас може и треба да си го прилагоди интензитетот толку онолку колку е потребно како би го завршил тренингот до крај на неговото времетрање и со што е можно поквалитетна изведба. Одберете соодветно темпо и тежини и дозволете да се покачи пулсот. Токму тоа е местото каде сакаме да ве однесеме.

06

Магијата на ластикот

Реквизит како растеглив ластик за вежбање е многу достапен денес и може секој да си го дозволи бидејќи има голем потенцијал и треба да се искористи истиот. Неговата карактеристика на променлив отпор ни ја дава токму онаа можност да погодуваме опсег на движења кои нормално ни се тешки и движиме низ истите со што доаѓаме до состојба на зајакнување во деловите каде сме најслаби и тоа е потребно. Затоа дајте шанса на овој метод и подгответе се да бидете изненадени од ефектот.

07

Временска рамка

Во денешниот тренинг мотивацијата ќе биде да пробате да го завршите даденото во 25 минути време. Иако навидум малку по повторување немојте да судите пред да почнете. За сите останати кои не го сакате притисокот на временската рамка ништо страшно, фатете го своето темпо и пробајте да сте што е можно по константни во изведбата. Ќе дојде ден 25 минути ќе се одвишок за ова.

08

Долги интервали

Нас како тренери ни е дозволено да употребуваме најразлични начини на стимул и мотивирање како би успеале од вас да добиме реакција и максимална ангажираност. Затоа овој пат ќе имаме систем на интервално вежбање и соодветна пауза помеѓу како би останале подолго повеќе ангажирани. Во делот на изведба на вежбите пробајте да минимално одмарате и задржите високо темпо. Бидете подготвени и очекувајте добар ефект назад.

09

3 серии

Денес ќе треба однапред да го определиме заедно темпото на вежбање бидејќи нема да има планирана пауза туку ќе треба да одлучиме колку ќе се дадеме во секоја вежба и да пробаме да се издржи колку е можно повеќе во дадената минута. Има комоција првата серија да биде како тест како би осетиле колку би бил интензитетот и доколку треба да се корегира во останатите две серии. Не се плашете и дозволете да се изненадите. Не е секогаш толку тешко колку што изгледа на почетокот.

10

5+

Малку поразигран тренинг е денес на менито. Имаме неколку вежби со различен број на повторувања но соодветно распределени за да се добие соодветниот стимул од секоја вежба засебно. Повторно целото тело ќе го ангажираме како и што сметаме дека е најдобро за ваков почеток да фокусот остане што е можно поопширен како би добиле стимул на што е можно повеќе мускулни единици. Овој начин е најдобриот за ваков тип на почеток и стимул.

11

20/10

Интервали се повторно во употреба но овој пат пократки и со тоа и поинтензивни. Клучот тука ќе е да сме спремни за почеток заедно со со тајмерот и да не губиме време од интервалите за работа. По секој интервал има соодветно пауза во која ќе биде скоро па доволно да само смениме вежба и назад на работа. Спремете се навреме и дајте го вашиот максимум. Уживајте!

насоки за вежбање

Програма наменета за сите со болки во грбот и вратот, они што долго седат на стол и оние што воопшто не се физички активни.

Програмата содржи основни вежби за изведување со многу мал интензитет кои се безбедни за изведување за секоја возраст.

Започни 7 дневен
free trial

Приклучи се бесплатно и пробај.

ПРЕПОРАКИ И РЕАЛНИ

Успешни Приказни

Наташа Шопова

Прочитај повеќе

Ивана Андоновска

Прочитај повеќе

Ана-Марија Трајковска

Прочитај повеќе

Ирена Гроздановска

Прочитај повеќе

Елена Штерјовска

Прочитај повеќе

Ирена Арсовска

Прочитај повеќе